Фудбал
Иранската ѕвезда би можела да биде изоставена од тимот за Светското првенство во 2022 година, откако проговори за ситуацијата во неговата татковина
Напаѓачот на Баер Леверкузен и ѕвезда на репрезентацијата на Иран, Сардар Азмун, предизвика голема врева откако на Инстаграм го „крена гласот“ против ситуацијата во неговата родна земја, каде што продолжуваат протестите за правата на жените.
„Поради репрезентативните правила, не можев да кажам ништо додека не заврши тренингот. Но, не можам повеќе да издржам. Во најлош случај ќе ме исфрлат од репрезентацијата. Нема проблем. Тоа ќе го жртвувам за влакно на главата на Иранките. Оваа историја не може да се избрише. Срам да ти е што убиваш толку лесно. Да живеат Иранките“, напиша Азмун на Инстаграм.
Двајца негови репрезентативци, голманката Лиреза Биранван и Маџи Хосеини, исто така објавија пораки на Инстаграм за поддршка на демонстрантите во Иран, но неколку часа подоцна сите пораки беа избришани.