Connect with us

Кошарка

Ирвинг по постигнати 50 поени: Работата не е завршена …

Sвездата на Бруклин Нетс, Кири Ирвинг, беше многу расположена за премиерниот настап оваа сезона минатата вечер.

Поранешниот кошаркар на Кливленд и Бостон постигна 50 поени во своето деби за новиот клуб, но Нетс загубија од Минесота Тимберволвс со 127:126.

Како што вели Ирвинг по натпреварот, за што вредат 50 поени кога екипата загуби …

„Работата не е завршена. Овие 50 поени имаат своја вредност, но всушност немаат кога не донесоа победа“, им рече на новинарите по натпреварот.

Ирвинг синоќа собори неколку рекорди со своите 50 поени. Кога стигна до 32 поени, тој го сруши рекордот на Д’Ангело Расел во постигнувањето на поени на дебито за Нетс, а до моментот кога стигна до 48 години тој стана првиот играч кој постигна толку многу поени за клуб во НБА. Претходниот рекорд беше дури 35 и го држеше Кики Вандевеге.

Интересно е што тој е првиот играч во историјата кој постигна 50 поени, осум скока и седум асистенции, и не загуби ниту една топка на натпреварот.