Фудбал
„Исчезна“ напаѓачот на Парма, ниту тренерот не знае каде е
Цела Италија пишува дека од фудбалерот на Парма Жервињо нема ни трага ни глас. Тоа го потврди и тренерот на Парма Роберто Даверса.
-Жервиљо не е во конкуренција за гостувањето кај Каљари. Три дена по ред не се појави на тренинзите. Го присили клубот да замине и мислам дека веќе е продаден. Пред четири дена дојде да разговара со мене за можностите околу заминувањето. Беше важен играч за нас, но имаме група на играчи кои му овозможија да направи најдобра сезона во својата кариера, изјави Даверса.
Жервињо најверојатно ќе ја продолжи кариерата кај Чави Ернандес, во катарскиот Ал Саад. Сепак тоа се уште не е потврдено.
-Нема смисол да се крие, знаеме дека сака да го менува местото (клубот) од време на време. Малку е незгодно да држите играч кој сака да замине. Не знам дали сака да си оди поради пари или нешто сака да смени, вели Даниеле Фаџано, спортски директор на Парма.