Connect with us

Фудбал

Иско го напушта Реал по десет години

Фудбалерот на Реал Иско објави дека го напушта мадридскиот клуб. Тој реши да го напушти кралскиот клуб по истекот на договорот.

Иско се огласи на социјалните мрежи и објави дека ќе го напушти Реал на 30 јуни по истекот на договорот.

„Кога бев во Малага, знаев дека ќе заминам. Реал ми тропна на врата, а Реал никој не треба да каже не, иако секогаш има исклучоци. Се е историја откако Реал ја освои десеттата европска титула. Девет години подоцна, мое време завршува во клубот кој ми дозволи да ги остварам моите детски соништа“.

Освен што ги исполнив соништата, освоив повеќе титули отколку што замислував, играв со најдобрите светски фудбалери“, напиша Иско кој на крајот им се заблагодари на соиграчите, стручниот штаб и навивачите за поддршката.

Иско (30) не откри каде ќе ја продолжи кариерата. Во Реал пристигна во 2013 година од Малага, а за мадридскиот клуб одигра 353 натпревари и 53 пати се запиша во листата на стрелците. Со Реал освои 19 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите.