Connect with us

Фудбал

Иско ќе игра за Барселона

Поголемиот дел од шпанските медиуми ја пласираа сензационалната информација дека најголемиот ривал на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), каталонскиот гигант Барселона, ќе биде следната дестинација на одличниот играч за врска Франциско Иско.

Репрезентативецот на Шпанија е во отворена војна со новиот предводник на “кралскиот клуб”, Сантијаго Солари поради очајната минутажа и не крие дека сака да си замине од Мадрид за време на зимскиот преоден рок.

Шпанските медиуми открија дека Барселона е подготвена да одвои околу 60 мил. евра за услугите на Иско.