Connect with us

Фудбал

Иско, Ковачиќ и 80 мил. евра за Азар

Шпанската радио станица, “Онда Черо”, го привлече вниманието на фудбалската јавност откако ја пласираше сензационалната информација дека претседателот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Флорентино Перез, подготвува нова понуда за белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Еден Азар.

Првиот човек на “кралскиот клуб” е подготвен да одвои околу 80 мил. евра за обесштетувањето на Азар, но е подготвен во обратната насока да ги испрати Франциско Иско и Матео Ковачиќ.

Офанзивниот играч за врска со години важи за најголема желба на Реал (М), а пред неколку месеци Азар изјави дека посакува еден ден да го облече и дресот на “кралскиот клуб”. Лондонскиот клуб веќе неколку пати ги одбиваше понудите на Реал (М), а белгискиот интернационалец веќе со месеци преговара за нов договор.

Премиерлигашот од “Стемфорд Бриџ” сака по секоја цена да го задржи Азар во своите редови, но сака и да го откупи договорот на Ковачиќ, кој моментално настапува како позајмен фудбалер. Кога е во прашање Иско, крилниот напаѓач е во отворена војна со новиот тренер на Реал (М), Сантијаго Солари и најверојатно ќе ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.