Connect with us

Фудбал

Иско сака во Манчестер Сити

Репрезентативецот на Шпанија, Франциско Иско, пред неколку дена ги информирал клупските челници на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), дека сака да биде продаден за време на зимскиот преоден рок.

Офанзивниот играч за врска е во отворен конфликт со новиот тренер на “кралскиот клуб”, Сантијаго Солари, кој е незадоволен од неговото залагање и од неговата тежина. Според последните информации кои пристигнуваат од Мадрид, Иско побарал да биде продаден на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.