Фудбал
Иско во Челси, Реал веднаш најде замена!
Јануарскиот преоден рок се приближува и шпекулациите растат. Денес „Мирор“ јавува сензационалната вест, бидејќи вели дека Челси и Реал веќе постигнале договор со кој Иско ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
Шпанецот се очекува да потпише за „Сините“ следниот месец, а лондончани трба да платат околу 60 милиони евра на Реал. Со продажбата на Иско, „Лос Бланкос“ прави простор за преселба на Ериксен на Бернабеу.
Данецот не е среќен во Тотенхем, бидејќи Мурињо не го гледа во тимот, па заминувањето во јануари е несомнено. Реал не губеше време, а англиските медиуми тврдат дека играчот од средниот ред ќе се пресели во Мадрид, каде може да се постигне договор меѓу двата клуба, бидејќи веќе е позната желбата на играчот.