Фудбал
Искусен голман како замена за Буфон
На крајот од оваа сезона, Јувентус останува без легендарниот Џанлуиџи Буфон.
Војчех Шчесни ќе го преземе местото на Буфон, а Јуве веќе размислува за ангажирање на друг голман за новата сезона.
Газета дела Спорт тврди дека новиот Бјанконер ќе биде голманот на Болоња, Антонио Миранте, искусен 34-годишен чувар во мрежата што ја започна својата кариера во Јувентус.
Миранте ќе биде под лупа за време на заеднички дуел овој викендот, и има шанси овој искусен голман да се врати во редовите на Старата дама во текот на летото.
Од 2004 до 2007 година, бранеше седум пати за Јуве во Серија Б, а исто така бранеше за Кротоне, Сиена, Сампдорија и Парма.
Миранте стана член на Болоња во 2015 година и бранеше 77 пати за овој тим.