Ракомет
Искусниот Маклер ја спаси Унгарија и славеа минимално над Русија
Повторно голманот го спаси натпреварот. Ракометарите на Унгарија славеа со минимална победа над Русија со 26-25. Искусниот голман Маклер, беше клучен кон во последните минути од натпреварот со своите одбрани ја донесе победата на Унгарија.
Најдобар поединец на средбата беше Балог со седум погодоци, а меѓу стативите Миклер собра осум интервенции, од кои неколку во клучни моменти во финишот.
Веќе во следното коло за два дена Унгарија игра против Данска, додека Русија ќе игра со Исланд.