Connect with us

Фудбал

Искусниот Пепе Реина реши да ја открие тајната: „Имав симптоми на коронавирус“

Искусниот шпански голман Пепе Реина призна дека имал симптоми на коронавирус, но сега се чувствува многу подобро.

Реина го напушти Милан оваа зима и реши да се пресели во Астон Вила на позајмица до крајот на оваа сезона. Тој одигра шест натпревари за англискиот тим пред да се прекине првенството поради пандемија на коронавирус.

Искусниот голман призна пред шпанските медиуми дека има симптоми на коронавирус и дека сега многу подобро ги следи правилата за домашна изолација и не го става во опасност семејството.

„Имав симптоми на коронавирус. Сува кашлица, треска и останување без здив минатата недела, но веќе се чувствувам подобро. Ги следам новостите ширум Европа. Најважно е да ги следите правилата и советите на лекарите и сето ова ќе замине. Треба сериозно да се земе изолацијата затоа што така сигурно помагате во оваа борба“, рече Реина.

Шпанскиот голман беше десет дена во изолација, и на тој начин реши да го заштити семејството кое можеше да го види само доколку тие се добро заштитени.