Connect with us

Тајмаут

Исламската држава му се закани на Светското во Катар со биолошки напад

Телеграмски канал близок до Исламската држава повика на безмилосни и биолошки напади на Светското првенство во Катар.

Според пораката, првенството е „златна можност“ за секој поддржувач на „Исламска држава“ да и се одмазди на коалицијата за борба против терористичката организација.

„До сите наши навивачи – бидете на Мундијалот и бидете еден од најдобрите стрелци“, е апелот на терористичката организација.

Каналот објави и два инфографика на земјите кои се дел од глобалната коалиција која се бори против Исламската држава.

„Имате право да ги поддржувате овие земји. И поддршката за Белгија, Франција и Канада ќе има одличен вкус“, се вели во упатствата, покажувајќи ги главните цели на нападот.

Каналот објави и инструкции за нападите, кои беа опишани како „хуманитарна кампања за чистење на Катар“.

„Прашање на вкус. Чистењето не е ограничено на користење на вируси во нивната храна и пијалоци. Може да се користи нешто за прскање преправен како парфем. Може да се намачкаат вратите со некоја зараза за да се разболат. Само треба да го направите она што е во рамките на вашата моќ и желбите на Алах.Но, целта останува – да си одиме дома во ковчег“, се вели во пораката.

Дополнително, информации се дадени на сајтови кои нудат биолошко оружје.

За оние кои имаат потреба од специјални лекови можат да се обратат на следните контакти“, се додава во соопштението.

Домаќините даваат се од себе за да ги заштитат навивачите и тимовите за време на Светското првенство.

Во моментов таму се сместени елитните единици на турските специјални сили кои во принцип се справуваат токму со терористички напади.

Франција, исто така, испраќа дел од својата полиција да се справи со масовните настани и не успеа за време на финалето на Лигата на шампионите во Париз, кога илјадници навивачи на Ливерпул беа нападнати со гас откако не успеаја да влезат на Стад де Франс.

Војска ќе биде испратена и од други земји, а сите ќе бидат под заедничка команда. Таму ќе дејствуваат американски контратерористи. Лошата работа е што над 1,5 милиони странски туристи ќе дојдат на мал простор и тешко ќе се заштитат.