Connect with us

Фудбал

Испадна дека ние сме касапи!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, збесна по поразот кој неговиот тим го доживеа од директниот ривал во борбата за едно од двете места кои водат во 1/8 финалната рунда во Лигата на шампиони, екипата на ПСЖ.

Пресметката на “Паркот на принцовите” заврши со минимален триумф на “светците” од 2:1, а предводникот на “црвените”, по натпреварот изјави дека е шокиран од однесувањето на противничките фудбалери кои постојано глумеа дека се повредени.

  • Често се правеа дека се мртви, па одма стануваа и продолжуваа да играат. Нејмар и дружината беа итри, а моите избраници не беа така смирени. Судијата премногу ја сецкаше играта, а кога ќе се погледне бројот на добиени картони, излегува дека ние сме касапи, изјави германскиот стручњак.

Четата на Јирген Клоп има обврска да слави и тоа со најмалку два гола разлика во последниот натпревар од групната фаза против екипата на Наполи, во спротивно, италијанскиот калчолигаш ќе обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда.