Фудбал
Исполнета најголемата желба на тренерот на Арсенал
Микел Артета, тренер на Арсенал, за следната сезона планира вистински ремонт на тимот, за што секако има „зелено светло“ од раководството. Сепак, неговата најголема желба беше да се убеди најдобриот играч Пјер Емерик Обамејанг да остане на „Емирати“. Според најновите информации, напаѓачот рекол да на понудата да остане, иако летово многу се шпекулираше за негово заминување.
Според „Скај Спортс“ Обамејанг ќе потпише нов тригодишен договор со Арсенал, а официјалнизирањето ќе биде во наредните неколку денови.
Оваа сезона, на 44 мечеви Габонецот постигна 29 голови.