Поврзи се со нас

Фудбал

Исповед на Гигс: Доби удар, но не смееше да врати!

Рајан Гигс целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, а извесно време работеше и во стручниот штаб на популарните „Црвени ѓаволи“.

Гигс соработуваше на клупата со легендарниот Луис ван Гал, кој го ангажираше Велшанецот како асистент.

Некогаш одличното лево крило, како гостин во емисијата на Џејми Карагер, раскажа како го удрил Ван Гал во стомакот на првиот состанок.

„Отидов во хотелот да се запознаеме, кога стигнавме, тој ја отвори вратата, ме погледна, рече дека изгледам добро и потоа ме удри во стомакот“.

„Не знаев што да направам. Можев да му ја вратам со истата мерка, но тоа би значело дека ќе добијам отказ“, додаде Гигс.

И покрај чудниот начин на запознавање со него, Гигс го пофали Ван Гал, велејќи дека тој е исклучително внимателен со неговите асистенти и играчи и дека е добра личност.

loading...

Facebook