Connect with us

Фудбал

Исповед на лекарите кои неколку минути му го спасуваа животот на српскиот фудбалер (ВИДЕО)

Лекарите од Кордоба му го спасиле животот на Драгиша Гудељ!

Целата приказна е речиси неверојатна бидејќи српскиот фудбалер речиси 300 секунди беше без пулс. Се разбира, ова е исклучително опасно бидејќи може да предизвика оштетување на мозокот.

Најзаслужни за позитивниот исход се лекарите од медицинскиот тим на Кордоба, кои брзо интервенираа и го реанимираа Гудељ на теренот.

– Да му се случеше во поинаква ситуација, можеби немаше да зборуваме за истиот исход – изјави за медиумите Хозе Бретонес, директор на медицинската служба на Кордоба, откако му го спаси животот на српскиот дефанзивец, а пренесува Sportal.

Тој и тимот, составен од Антонио Ескрибано и Мартин Луна, и кардиологот Хозе Марија Сегура и докторката Вероника Аројо, слегоа од трибините и благодарение на нивната реакција и знаење, животот на Драгиша беше спасен.

Немаа право на грешка, спасувањето го почнаа со кардиоваскуларна масажа и маневар за реанимација со дефибрилатор, на фудбалерот му беа потребни дури два удари свесно да го напушти стадионот и да замине во болница, што ги смири соиграчите и сите на стадионот.

Фудбалерот е пренесен на интензивна нега каде без проблеми ја поминал ноќта, а причината за колапсот ќе се истражува подолг период.

Инаку, за Драгиша Гудељ, на кого му се слоши минатиот викенд на натпреварот помеѓу шпанска Кордоба и Расинг Ферол, сезоната е завршена. По првите прегледи во болницата, лекарите констатирале дека има кардиореспираторен застој, но причината се уште не е позната. Затоа го испратиле на дополнителни прегледи за да се дознае што точно се случило.