Connect with us

Фудбал

Испратена понуда релација Мадрид-Лондон

Нешто што се очекува од стартот на зимскиот преоден рок е тоа понуда да се испрати релација Мадрид-Лондон, односно до Челси, за услугите на Еден Азар. Првата понуда треба да изнезува 135 милиони евра, од Мадрид сметаат дека сумата е доволна за Челси да попушти и да се откаже од својот најдобaр фудбалер. Перез започнува операција „нов галактико”, а како прво засилување ќе се обиде да му ја исполни желбата на Зинедин Зидан.

Сепак, според англиските медиуми Реал ќе има конкуренција за неговиот потпис, откако Манчестер јунајтед стартуваше „невозможна” мисија во обид да го доведе Азар во своите редови, Мурињо одново ќе се обиде да го оштети својот поранешен клуб.