Connect with us

Фудбал

Истекува договорот на Педро, но тој не се грижи: Не знаеме кога повторно ќе тренираме …

Шпанскиот фудбалер Педро Родригез не е сигурен како ќе изгледа неговата иднина по истекувањето на неговиот договор со Челзи на крајот на оваа сезона.

Педро е член на „Плавите“ уште од 2015 година кога дојде од Барселона. Тој денес има 32 години и сè уште нема официјални информации дали Челзи ќе му понуди продолжување на соработката или не.

Договорот е оддалечен само неколку месеци, но Педро вели дека тоа не е важно во овој момент.

„Мојот договор истекува, но тоа не е најважната работа во овој момент. Јас дури и не размислував за тоа. Мојата иднина ќе се реши за некое време“, изјави Педро за „Кадена Сер“, шпанска радио станица, додавајќи:

„Најважно во овој момент е сите заедно да се покажеме. Што и да се случи со мојата иднина ќе се случи, но моментално не е важно затоа што ни сами не знаеме кога ќе се вратиме на тренинзите“.

„Во моментов сме во карантин затоа што еден од нашите фудбалери е позитивен на коронавирусот. Тој сега е во ред и сите сме задоволни од тоа“.

Се разбира, тоа е Калум Хадсон-Одои кој беше позитивен на коронавирусот пред неколку дена, но за среќа работите се одвиваат добро и тој наскоро ќе биде целосно опоравен.

Кога станува збор за Педро, тој запиша 18 натпревари оваа сезона, постигнувајќи два гола и три асистенции.

Покрај Педро, Челзи ќе треба да одлучи што да прави со Вилијан, Оливер Жиру и Вили Кабалеро кои исто така се во последните месеци од договорот.