Connect with us

Фудбал

Историја за Струга, Радески со хет-трик за победа против Будуќност и пласман во следната рунда

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум забележа победа на реваншот против Будуќност во Подгорица во 2.коло од квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.

Стружани до триумфот од 4:3 беа предводени од Марјан Радески кој постигна три гола (11., 45+3 и 74. минута). Еднаш во листата на стрелците се запиша  Бесарт Ибраими (66. минута).

Головите за домаќините ги постигнаа: Ѓурковиќ (7),  Аџиќ (45+9) и Секуловиќ (82).

Стружани победија (1:0) и на првиот натпревар одигран пред седум дена и со вкупни 5:3 одат во следното коло.

Противник на Струга ТЛ во 3. коло ќе се биде Хесперанж од Луксембург. Натпреварите ќе се играат на 10 и на 17 август.