Други спортови
Историски ден за Тим: Го победи Федерер и стигна до првиот Мастерс трофеј во кариерата (Видео)
Иако важеше за голем аутсајдер на финалниот натпревар од Мастерсот во Индијан Велс, Доминик Тим не се предаде и во одличен натпревар го совлада легендарниот Роџер Федерер.
Австриецот со 2:1 по сетови (3:6,6:3, 7:5) го совлада Федерер и го спречи 37 годишниот тенисер да дојде до својата 101. АТП титула во кариерата.
Тим не го започна добро мечот затоа што Федерер направи брејк во вториот гем и ја држеше предноста до самиот крај на сетот.
Во наредните два сета Тим успеа да ја контролира својата игра и да му земе многу важни брејкови на Федерер по кои стигна до историската прва Мастерс титула во неговите витрини.
“Absolutely incredible!”
Welcome to the #BNPPO19 final! ?@ThiemDomi @rogerfederer pic.twitter.com/fGPDxDOydj
— Tennis TV (@TennisTV) March 17, 2019