Фудбал
Историски момент, за прв пат жена ќе суди меч од Прва македонска лига!
За прв пат во историјата, женски судија ќе ја дели правдата на фудбалски меч од Првата македонска лига. Таа чест и припадна на Ивана Пројковска, позната македонска судијка која има и меѓународно искуство. Таа ќе ја дели првдата на мечот кој викендов ќе се одигра во Тетово меѓу Шкендија и Победа. Нејзини асистенти ќе бидат Гоце Перески и Дејан Костадинов.
Ива Пројковска е веќе апсолутно докажана судијка со знакот на ФИФА и суди натпревари во женската Лига на шампионите. Таа судеше и на последното Европско првенство во женска конкуренција.