Connect with us

Други спортови

Историски подиум за Грција во Светскиот куп во алпско скијање

Гркот Ej Џеј Јанис го освои второто место на денешниот слалом возен во Шамони, Франција. Овој резултат е историски за грчкото скијање, бидејќи за прв пат еден натпреварувач од нашиот јужен сосед се најде на победничкиот подиум на трка од Светскиот скијачки куп.

Инаку, победник е Швајцарецот Рамон Ценхојзер со вкупно време 1:42.94 минута, односно 1,02 секунди побрзо од второпласираниот Јанис.

Трет беше Даниел Јул од Швајцарија.

За Ценхојзер ова е петта победа во кариерата и прва по по две години.

На табелата во дисциплината слалом водечки во светскиот куп е Лукас Братен од Норвешка со 430 бодови, пред Јул со 394 и Хенрик Кристофферсен со 389. Денешнито победник, Ценхојзер се проби на четвртата позиција со 327 бода.