Connect with us

Фудбал

Италија на нозе, Меси купува куќа во Милано?!

Речиси секоја година, односно преоден рок, во последните 4-5 години се пишува дека Лионел Меси конечно ќе замине од Барселона, клуб во кој ја мина целата досегашна кариера. Оваа година шпекулациите уште повеќе се зголемија откако Аргентинецот јавно влезе во конфликт со директорот Ерик Абидал, го критикуваше раководството дека ги следело и прислушувало фудбалерите, но и дека Сетиен има лоша тактика.

Според италијанските медиуми, таткото на Меси, Жорге Меси, кој воедно се грижи за финансиите на неговиот син, купува имот во Милано. Медиумите веднаш со шпекулации дека Меси е можно да се пресели во Интер, бидејќи неколку месеци наназад се пласираат такви информации.

Сепак, далеку поверојатно е дека таткото на Меси купува имот таму, бидејќи според законот од 2017-та година, доколку некој има постојана адреса на живеење во Италија, тогаш има големи даночни ослободувања. Со оглед на тоа дека Меси заработува милиони, голема сума издвојува за данок, па веројатно одлуката за купување на имот во Милано е поради оваа причина, а не поради трансфер.