Connect with us

Фудбал

Италијаните го загубија и второто финале во европските купови, остана она најважното, ќе успее ли Интер да го обели образот (ВИДЕО)

Италијанските тимови загубија две финалиња во европските купови. Прво Рома беше поразена во финалето во Лига Европа од Севиља, а сега Фиорентина загуби од Вест Хем во финалето во Конференциската лига. Остана уште Интер, кој на 10-ти во Истанбул против Манчестер Сити го игра најважното финале, Лигата на шампионите. Ќе успее ли Интер да го обели образот на италијанските екипи, останува да се види.

Инаку, Вест Хем во Прага ја победи Фиорентина со 2:1 во финалето на Конференциската лига на УЕФА.

Победата на лондонци им ја донесоа погодоците на Саид Бенрам, кој реализираше пенал во 62. минута и Џерод Боуен, кој погоди во финишот на натпреварот (90. мин.) Стрелец на единствениот гол за италијанскиот тим беше Џакомо Бонавентура во 67. минута.

Ова е прв трофеј за „чеканите“ од 1980 година кога тимот го освои ФА Купот.