Connect with us

Фудбал

Италијаните тврдат: Интер договори големо засилување, официјалната потврда е прашање на време

Иако Челзи и Наполи во јануари беа во предност, по се изгледа дека играчот на Кањари Николо Барела секап ќе заврши во Интер.

Играчот од средниот ред во зимскиот преоден рок не сакаше да го напушти Каљари за на својот тим да му обезбеди опстанок во лигата, а тоа и се случи на крајот.

Барела оваа сезона одеиграл 35 натпревари во Серија А и постигна еден гол, а сега 22-годишниот Италијанец за 50 милиони евра ќе премине во Интер затоа што сопственикот на Каљари не сака да прифати помала понуда.

Нероазурите се обидуваат во договорот да ги „вметнат“ и своите играчи Бастониј и Еспосито за да можат барем малку да ја намалат цената за Барела, а се спомнуваат уште и имињата Федерико ДиМарка и Едер.

Барела поради своите одлични игри во дресот на Каљари е прогласен за еден од најголемите италијански таленти, а во недела настапуваше и за А репрезентацијата и успеа да постигне гол.