Connect with us

Други спортови

Италијански неврохирург за Михаел Шумахер: Денеска тој е само сенка

Поранешниот Ф1 шампион Михаел Шумахер е мистерија за сите освен за членовите на неговото семејство и потесниот круг на пријатели.

Угледниот неврохирург Никола Ачијари тврди дека Шумахер сега е само сенка на личноста која ја паметиме од тркачките денови.

-Шумахер е непрепознатлив. Тој повеќе не е во кома, но е далеку од човекот кој го паметиме. Тој сега е потполно друга личност и физички и психичко, со изменета мускулна и скелетна структура. Сето тоа е последица на трауматската повреда на мозокот заработена при падот, вели неврохирургот кој работи во болница во Болоња.

Михаел Шумахер се повреди на француските Алпи за време на скијање пред шест години.