Connect with us

Фудбал

Италијанскиот тим Беневенто со две големи засилувања

Повратникот во италијанската Серија А, Беневенто се договори со дефанзивецот Камил Глик, на кого му завршува договор со Монако, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука Ди Марцио. Исто така, италијанскиот клуб, кој веќе обезбеди враќање во елитата, започна преговори со играчот од средниот ред на Борусија од Дортмунд, Андре Шурле.

Шурле летото 2019 година, Борусија Дортмунд го позајми на Спартак. Во март годинава, тој се врати во Германија поради пандемијата на коронавирус.

Шурле во 2010 година дебитираше за германската репрезентација за која има 52 натпревара и 22 гола.

Има играно и за Мајнц, Баер Леверкузен, Челзи и Волфзбург.