Фудбал
Италијанските специјалисти го критикуваат Роналдо: Не е ист како порано!
Јувентус победи против Милан, благодарение на Дибала кој постигна гол во 77. минута, но што е со Роналдо?
Кога беше заменет, португалската sвезда го промени изразот на лицето и го напушти стадионот. Фабио Капело го коментираше петкратниот победникот на „Златната топка“ за Скај Спорт:
„Роналдо веќе три години не дрибла против противник, тоа е вистината. Јас повеќе не го паметам Роналдо од Шпанија. Во моментов тој не е најдобар, тој мора да се опорави физички. Возраста може да биде фактор. Роналдо ја изгради својата кариера на физичка сила и агилност“.
Поранешниот тренер на Јувентус, Милан и Реал Мадрид зборуваше и за реакцијата на Португалецот кон Сари во моментот на замената:
„Не беше добро тоа што го стори Роналдо. Мора да бидете шампион, дури и кога ќе бидете заменети. На крајот од мечот би разговарал со него од почит кон неговите соиграчи. Вие сте шампион, но мора да ги почитувате своите соиграчи.“
Дури и Бепе Бергоми ја потврди тезата на Капело на Роналдо:
„Во борбите еден-на-еден веќе не е ист како порано, не дрибла“.