Фудбал
Италијанците конечно добија селектор
Долго време се бараше новиот италијански селектор, но денес е донесена конечната одлука.
Роберто Манчини ќе ги предводи Италијанците во наредниот период. Тој постигна договор со раководството на италијанскиот фудбалски сојуз, кој со месеци бараше замени за Вентура, кој беше отпуштен по големиот неуспех за Светското првенство против Шведска.
Италијанците нема да бидат на Мундијал во Русија, но Манчини ќе има можност да постигне резултати во Лигата на Нациите и ги одведе „Азурите“ на ЕП. Во репрезентацијата ќе работи и Андреа Пирло, кој ќе биде негов асистент, а се очекува во стручниот штаб да биде и Џиџи Буффон.
Манчини го потпиша договорот на две години и ќе заработи два милиони евра со бонуси. Претходно, Италијанците ги отфрлија Анчелоти и Конте, а Манчини, по Зенит, одлучи да ја започне репрезентативна авантура.
Во неговата досегашна кариера Манчестер Сити, Интер, Лацио, Фиорентина, Галатасарај и Зенит беа под негово водство.