Фудбал
Итно хоспитализирана холандската фудбалска легенда, има проблеми со срцето
Холандската фудбалска легенда, а сега тренер Роналд Куман е итно хоспитализиран со возило за медицинска помош. Наводно информацијата ја потврдила неговата сопруга, пишува „Телеграф“. Тој има проблеми со срцето, а веќе има вградено еден стент.
Куман добил медицински третман, за среќа неговата сопруга реагирала на време па тој сега е во стабилна состојба.
Во извештајот не се спомнуваат никакви проблеми со коронавирус.