Тајмаут
Ива Алиловиќ: Поради моите гради, Мирко никогаш не е под стрес (ФОТО)
Познатиот хрватски голман Мирко Алиловиќ покажа дека освен во ракометот, тој е успешен и во полето на љубовта.
Речиси десет години, Алиловиќ е во брак со Ива, која во минатото важеше за една од најубавите жени во Хрватска, а во меѓувреме тие станаа горди родители на три сина – Иван, Анте и Мате.
Ива е исто како Мирко, по потекло од Херцеговина, и иако медиумски многу не се промовира, секој пат кога се појавува одушевува со сета своја убавина и раскошни облини. Дека покрај сето тоа има смисла за хумор и дека е многу свесна за своите адути, може да се види од нејзиниот неодамнешен пост на социјалните мрежи.
Таа објави хумористична статија од словенечките медиуми за тоа дека женските гради се добри за мажите во справувањето со стресот.
„Тогаш мојот Мирко никогаш не е под стрес, какви гради има дома“, напиша Ива.
Мирко има вистинска бомба покрај него, ќе бидете убедени и со тоа што ќе погледнете фотографии од галеријата.

