Connect with us

Други спортови

Ивановски претпоследен во квалификациите на 1.500 метри на ЕП во атлетика

Единствениот македонски претставник во машка конкуренција на Европското атлетско првенство во Берлин, Дарио Ивановски, го заврши својот настап на претпоследното место во квалификациите на 1.500 метри.

Ивановски оствари резултат 3:57.52 минути доволно да биде подобар само од Карлес Гомес од Андора.

Во квалификациите настапија 34 тркачи поделени во три групи, а најдоброто време го истрча Џек Вајтман од Велика Британија – 3:40.73 минути.

Вчера на евро-шампионатот учествуваше (400 метри) и Дрита Ислами, која исто како и Илиевски имаше симболичен настап.