Фудбал
Избегната голема трагедија, шведски возач удри во дрво на рели во Хрватска и се запали (ВИДЕО)
Шведскиот возач Оливер Солберг удрил во дрво на рели во Хрватска, по што неговиот автомобил се запалил. Солберг и неговиот совозач Елиот Едмонсон доживеаја тешка несреќа на 9-та специјална етапа (Костањец – Петруш врх) како дел од релито WRC Хрватска.
Нивниот Hyundai i20 заврши надвор од патеката и во пламен, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.
Солберг изгубил контрола над возилото при благо свртување во десно, по што неговиот болид извртел на патеката, а со задниот дел удрил во дрво покрај патот, по што се запалило.
По несреќата Солберг се огласи на Твитер и рече дека е добро и дека автомобилот се поправа.
По осум специјални натпревари во петокот, Солберг беше петти на релито WRC Хрватска со две и пол минути помалку време од водечкиот Финец Рованпере.