Connect with us

Фудбал

Избори за претседател на Барселона во март идната година

Барселона, 11 септември 2020 (МИА) – Барселона на својата официјална веб-страница објави информации за претстојните избори за претседател на клубот. Одлучено е изборите да се одржат на 20 и 21 март.

Постапката обично трае еден ден, но овој пат ќе бидат потребни два дена поради ситуацијата со коронавирусот.

Од истата причина, беше одлучено изборите да се одржат на повеќе места, а претходно локацијата беше една.

Актуелен претседател на Барселона е Хосеп Марија Бартомеу, кој ја извршува функцијата од 2014 година.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com