Connect with us

Фудбал

Избрани се играчите на декадата во најдобрите пет европски лиги

Последната деценија беше една од најдобрите во историјата на фудбалот. Некои незаборавни натпревари и одлични голови на играчите ќе останат во главите на навивачите долго време. Но, кои беа најдобрите играчи во петте најдобри лиги во Европа во последните десет години?

Веб-страницата „WhoScored“ ги избра најдобрите играчи од секоја од петте најдобри лига во Европа во текот на минатата деценија, заснована само на нивната статистика.

Премиер лига – Еден Азар

Ла Лига – Лионел Меси

Серија А – Џорџо Келини

Бундес лига – Арјен Робен

Лига 1 – Тијаго Силва