Connect with us

Фудбал

Изјавата на агентот на Влаховиќ ќе ги разбесни сите во Фиренца

Сагата околу Душан Влаховиќ конечно заврши и тој стана новиот играч на Јувентус.

Српскиот напаѓач вчера беше претставен во новиот клуб, а во Фиренца се уште не се помируваат со тоа што нивниот најдобар играч замина во ривалот Јувентус.

Нивните и онака вжештени емоции дополнително ќе ги подгрее изјавата на Дарко Ристиќ, агентот на Душан, кој рече дека за неговиот клиент никогаш немало дилема каде ќе ја продолжи кариерата.

„За Душан тоа во ниту еден момент не стана дилема. Тој сакаше само да оди во Јувентус. Едноставно не можеше да одолее на шармот на тој клуб“, изјави Ристиќ.

„Во моментов немаме одлична сезона во Серија А, но Душан знае дека формата е минлива, а класата е вечна. Тој направи паметен потег и се приклучи на тимот кој сигурно ќе доминира во Италија и на Стариот континент во годините што доаѓаат“, соопшти Јувентус.

Душан Влаховиќ потпиша до летото 2026 година и веќе го позајми дресот со број 7.

Сезонава Влаховиќ постигна 17 гола во Серија А за Фиорентина, а дебито за Јувентус го очекува на 6 февруари против Верона.

Facebook