Connect with us

Други спортови

Изјавата на Медведев предизвика бројни коментари, се огласи и Надал

Руската инвазија на Украина ја зафати цела Европа, а на мета се и водечките спортски ѕвезди, особено оние кои ги претставуваат Русија и Украина.

Возбудливо е и во тенискиот свет, а се огласи и еден од најдобрите тенисери на денешницата, Русинот Даниил Медведев, чија порака предизвика бројни коментари, но уште еднаш покажа дека е вистински спортист.

„Јас сум поддржувач и се залагам за мир во светот, жал ми е што го гледам сето ова. Го играм турнирот во Акапулко и наутро ме поздравуваат вестите за сите настани. Јас сум за мир“, Медведев кажа.

На настаните не остана имун ниту Рафаел Надал.

„Не сакам да кажам кој е виновен, но не ми се верува дека луѓето се во војна овие денови. Сакам сето тоа веднаш да заврши“, изјави шпанскиот тенисер.

Многу спортисти кои ги имаа вчерашните натпревари испратија порака за примирје во Украина и крај на војната, но ситуацијата во оваа европска земја се уште е тешка.