Connect with us

Други спортови

Изјавата на Надал стави сол на раната на Ѓоковиќ

И покрај неодамна завршениот УС Опен, топ тема во светот на тенисот е дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од овој турнир.

За потсетување, првиот рекет во светот го играше својот натпревар од осминафиналето на УС Опен против Шпанецот Пабло Карено-Буста кога случајно со топка погоди еден од линиските судии, по што автоматски беше исфрлен од турнирот.

Овој потег на организаторите на УС Опен беше предмет на многу дискусии, но мерката остана во сила и српскиот тенисер го заврши учеството на последниот грен слем во сезоната порано од очекуваното.

Мислење за овој настан изрази и еден од неговите најголеми ривали, Шпанецот Рафаел Надал.

“Ова се работи што не треба да се прават. Важно е да се контролираат нервите на теренот, бидејќи ако тоа не се случи, може да се случи несреќа, како што се случи”, рече шпанскиот тенисер, некои ќе кажат малку цинично.

Двајцата тенисери се очекува да учествуваат на турнирот во Рим од серијата Мастерс 1000, а интересно е што Надал во првото коло ќе ги одмери силите со Карен-Буст, кој беше „кобен“ за Ѓоковиќ.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com