Connect with us

Други спортови

Изјавите по натпреварот најдобро покажуваат какви спортисти се Надал и Ѓоковиќ

Еден од најдобрите натпревари во историјата на тенисот во полуфиналето на Ролан Гарос го одиграа Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Победата ја однесе српскиот тенисер со 3:1 во сетови.

Надал го освои првиот сет, се чинеше дека се движи кон нова победа, но Ѓоковиќ стана и со многу драматичност и неизвесност, освои три сета по ред и на крајот заслужено се пласираше во 29 грен слем финале во својата кариера .

“Тој е најдобриот против кого сум играл на Ролан Гарос и е меѓу најдобрите 3 противници во мојата кариера. Пред мене беше мојот најголем ривал, на место каде доминираше во последните 15 години”, изјави Ѓоковиќ.

“Беше само прашање кога ќе почнам добро да ја удирам топката. Ударите на Рафа се разликуваат од другите тенисери. Сега сум малку уморен, но немам многу време затоа што Циципас ме чека во недела.”

“Тешко е да се најдат атрибути за сите што Надал успеа на Ролан Гарос сите овие години. Тој загуби само три натпревари од двајца мажи. Тоа кажува сè. Секој пат кога ќе играте против него треба да се искачувате на Монт Еверест за да го победите.“

Во изјавата по натпреварот, Надал призна дека поразот го повредил, но му честиташе и на Ѓоковиќ за одличната игра.

“Ова е спорт. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Дадов се што можев. Веројатно не беше мојот најдобар ден. Кога играш против ривал како него, кој прецизно ја погодува топката, тешко е да го извадиш на позиција. Имав голема шанса, имав сет топка во третиот сет. Но, тоа е тоа. После тоа направив двојна грешка во сервисот, промашив волеј во тај-брејк … “, изјави Шпанецот.

“Кога ќе освоите турнир 13 пати, тогаш поразите болат помалку. Годините минуваат и ништо не трае вечно. Свесен сум за фактот дека имам помалку шанси секоја година”.

„Се надевам дека ќе се вратам следната сезона и ќе имам шанса да го освојам трофејот. Жyал ми е што го изгубив најважниот натпревар за оваа година, но животот продолжува. Играв против еден од најдобрите на сите времиња “, заврши Надал.