Фудбал
Изненаден од кинеските сопственици – „Напорно работев за да го купам Милан!“
Милијардерот Роко Комисо открива дека напорно работел з ад аго купи Милан, но сега е изненаден од постпаките на кинеските сопственици.
„Работев напорно за да го купам Милан, но не го запознав господинот Ли. Можеби не сакаше да ме види. Јас сум уште изненаден поради тоа, но исто така сум и среќен, бидејќи ми се укажа шанса со Фиорентина“, изјави Комисо.
Kога станува збор за Милан, смета дека „Елиот“ направил добра работа во моментот кога Кинезите задоцниле со враќањето на кредитот.
„Сега сум среќен што сум тука, се надевам дека ќе бидам засекогаш. За Елиот фондот беше голема работа што го купи Милан по таа цена, многу пониска од онаа за која јас преговарав“, додаде Комисо, кој своевремено го спаси Њујорк Космос од банкрот.