Фудбал
Изненадувачки трансфер, Вертонген оди во Италија?
Повредите честопати знаат да предизвикуваат проблеми за екипите, па затоа се принудени да реагираат и да бидат активни на трансфер маркетот.
Ова е токму она што се случи со Тотенхем, кој го загуби својот најдобар играч и капитен, Хари Кејн, долго време.
Челниците на клубот бараат пристојна замена и Фернандо Љоренте, напаѓачот кој летово го напушти Тотенхем бесплатно, би можел да биде нивниот избор.
„La Repubblica“ пишува дека Тотенхем го понудил на Наполи Јан Вертонген да го донесе Љоренет во своите редови.
Договорот на искусниот Белгиец истекува на крајот на сезоната и со овој потег е јасно дека лондонскиот клуб веќе не смета на него.
Инаку, Вертонген е член на Тотенхем од 2012 година.