Connect with us

Фудбал

Изненадувачко засилување пристигнува на „Сан Сиро“?

Медиумите во Италија објавија дека Милан може да добие изненадувачко засилување во средниот ред.

Во претходните недели многу фудбалери беа доведени во врска со „росонерите“, а судејќи според најновите информации од Апенините, на списокот со желби на Стефано Пиоли се наоѓа и Џеф Хендрик.

Тој е фудбалер од Република Ирска чиј договор со Барнли истекува на крајот на сезоната, а во Милано сакаат да го искористат тоа и да го доведат на „Сан Сиро“ бесплатно.

„Милан „го фрли окото“ на Хендрик уште пред пандемијата на коронавирусот и преговорите повторно се интензивираа“, известуваат Италијанците.

Во Барнли, од друга страна, тие се надеваат дека нема да го загубат Хендрик и веќе му понудија нов, побогат, договор во меѓувреме. Останува да се види што ќе одлучи 28-годишниот фудбалер.