Connect with us

Други спортови

Изнер противник на Дел Потро во четвртфиналето на Мастерсот во Париз

Американецот Џон Изнер успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Париз откако по голема борба го совлада Григор Димитров од Бугарија со 2-1 во сетови по 2 часа и 45 минути игра.

Изнер го доби првиот сет во тај брекот со 7:6 во гемови (12:10 на поени), Димитров беше поуспешен во вториот со 7:5, а во решавачкиот Изнер победи со 7:6 во тај брекот 7:3 на поени. Тој утре ќе игра во 1/4 финалето против Хуан Мартин Дел Потро, кој беше подобар од Робин Хасе.

На Дел Потро потребен му е пласман во полуфиналето за да избори учество на завршниот Мастерс во Лондон.

Пласамн во четвртфиналето денеска обезбедија уште: Џек Сок, Филип Крајиновиќ, Жулиен Бенето и Фернандо Вердаско.

Вечерва се играат уште два меча: Рафаел Надал – Пабло Куевас и Роберто Баутиста Агут – Марин Чилиќ.