Connect with us

Фудбал

Изов: Франција е апсолутен фаворит, ние ќе се обидеме достојно да се спротивставиме

Скопје, 16 септември 2020 (МИА) – Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Кирил Изов се соочува со доста проблеми во пресрет на натпреварот со Франција.

  • Имаме навистина големи проблеми со играчкиот кадар за овој натпревар. Покрај отсуството на Наташа Андонова и Гентјана Рочи, не можеме да сметаме ниту на Романа Трајковска и Маја Ангеловска. Поради здравствената ситуација предизвикана од Ковид-19, двете не можат да допатуваат од Швајцарија и Словенија. Маријана Нацева има скршеница на рамото и исто така е надвор од составот. Франција е апсолутен фаворит. Ние ќе се обидеме достојно да се спротивставиме и покрај отсуството на неколку важни фудбалерки за нас, изјави селекторот на македонската женска репрезентација, Кирил Изов.

Собирот на женската репрезентација е закажан на 18 септември во хотел „Парк“ во Скопје. Предвидени се пет тренинзи до натпреварот со Франција.

Натпреварот е закажан за 22 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com