Connect with us

Тајмаут

Израелскиот тренер му удри шлаканица на својот играч (ВИДЕО)

Младинската репрезентација на Израел ја елиминираше Ирска во дополнителните квалификации за ЕП 2023. По 180 минути фудбал и продолженија резултатот беше 1:1, па победникот беше решен со изведување пенали. За Израел прецизни беа Курцев, Перец и Давидо, а три ирски пенали одбрани израелскиот голман. Тој одбрани удари од Рајт, Фергусон и Девој.

Многу повеќе внимание, сепак, беше посветено на сцената која се случи во второто продолжение кога селекторот на Израел, Гај Лусон, му удри шлаканица на својот играч Жив Морган.

„Жив Морган? Не беше ништо сериозно. Зборувавме како професионалци, се смеевме. Му подарив и торта по натпреварот. Тоа не беше шамар, само го погалив. Ако го удрам, ќе го почувствува тоа лошо. Можам да му кажам што сакам на мојот играч, сите сме добро расположени. Одиме напред“, изјави селекторот на Израел.