Connect with us

Фудбал

Извлечени двојките за четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) – На денешното извлекување во „Куќа на фудбалот“ беа одредени двојките за четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија.

За место меѓу најдобрите четири екипи ќе одлучуваат натпреварите:

Академија Пандев – Шкупи
Струга Трим Лум – Ренова
Беласица – Македонија Ѓ.П.
Силекс – Шкендија.

Ќе се игра само еден натпревар, без реванши. Средбите се закажани за 25 ноември 2020 година. зс/