Connect with us

Фудбал

Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија

Во Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) денеска беа извлечени двојките за полуфиналето од Купот на Македонија.

Беласица – Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев – Победа ќе спорат за место во финалето на Купот на Македонија.

Првите натпревари се играат на 27 февруари 2019. година, а реванш натпреварите се закажани за 10 април 2019 година.