Фудбал
Извор близок на Бразилецот откри за ЕСПН: „Артур сака да остане, нема смисла да замине во Италија“
Фудбалерот на репрезентацијата на Бразил, Артур Мело, наводно, донесе одлука да остане.
Ситуацијата се менува од ден на ден кога станува збор за играчот од средниот ред на Барселона, кој важи за клучен во обидот на Каталонците да го доведат Миралем Пјаниќ. Јуве е подготвен да го ослободи Пјаниќ доколку Артур дојде, но тој и покрај вестите во неделата дека прифати да замине во Торино, наводно сепак донел конечна одлука да остане.
Веста беше потврдена за ЕСПН од близок извор кој посака да остане анонимен: „Артур сака да остане во Барселона 100%, тој нема намера да го смени клубот“.
„Нема ништо лошо во тоа затоа што нема смисла да се оди во Италија“, додаде извор на ЕСПН, кој се смета за многу близок со фудбалерот, чија мајка исто така призна дека нејзиниот син не сака да оди затоа што е среќен во Барселона.
Во меѓувреме, „Мундо Депортиво“ ја донесе приказната дека Барселона ќе се обиде да договори трансфер со Јувентус во кој ќе бидат вклучени Пјаниќ од една страна и Усман Дембле од друга страна.