Connect with us

Фудбал

Извршена е ждрепката за четврт-финалето на Европската лига, ќе гледаме италијанското дерби

Денеска во Нион, по ждрепката на Лигата на шампионите, се одржа извлекувањето на паровите од четврт-финалето на Европската лига, каде ќе гледаме и многу интересни натпревари. Впечаток е дека одамна не сме виделе подобри екипи во четвртфиналето на ова натпреварување, откако во барабанот беа Аталанта, Бенфика, Баер Леверкузен, Ливерпул, Марсеј, Милан, Рома и Вест Хем.

Според ждрепката, одлучено е во четвртфиналето да се сретнат: ,

Милан – Рома

Ливерпул – Аталанта

Леверкузен – Вест Хем

Бенфика – Марсеј

Јасно е дека во центарот на вниманието ќе биде италијанското дерби меѓу Милан и Рома.

Потоа беа извлечени полуфиналните двојки кои се следни:

Бенфика/Марсеј – Ливерпул/Аталанта

Милан/Рома – Леверкузен/Вест Хем

Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 11 април, а реваншите една недела подоцна. Јасно е дека сезонава ќе добиеме нов освојувач на Лига Европа бидејќи титулата ја брани Севиља која не е во конкуренција.