Connect with us

Фудбал

Извршена жрепката, еве кој против кого ќе игра во првото коло од новата сезона во ПМФЛ

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за новата сезона во Првата лига.

Во првото коло ќе се соочат бранителот на трофејот Струга и победникот во Купот, тимот на Тиквеш.

Двојки за 1. коло во Првата македонска фудбалска лига:

Струга – Тиквеш
Беса – Шкендија
Работнички – Силекс
АП Брера – Вардар
Пелистер – Гостивар
Шкупи – Воска Спорт.

Сезоната 2024/25 ќе почне на 11 август.